остави

Глагол, свршен

Значење на остави:

1. Стави, кладе, спушти нешто негде со цел таму да остане. Библиотекарот ги остави книгите на масата.

2. Не земе нешто, не поведе некого со себе при одење, заминување некаде. Адвокатот ги оставил потребните документи во фиоката, а зел погрешни. Таа ги остави алиштата да се досушат. Родителите ја оставија ќерката кај баба ѝ речиси цел месец. Учителот ги остави децата во ходникот и сам влезе во салата за да го викне директорот. Сменоводителот остави двајца работници на станица за да ги пренесат сандаците, а другите ги однесе во магацинот.

3. Даде, смести нешто или некого некаде. Патниците ги оставија куферите на железничката станица. Благајникот ги остави парите во банката.

4. При јадење не изеде, не зеде, оддели нешто, зачува нешто за некого или со некаква цел. Тој го остави месото, само компирите ги изеде. Девојчето остави четири бонбони за брат ѝ.

5. За некое определено време. Учителот им остави десет минути време решавање на тестот.

6. По својата смрт или заминување предаде во наследство, остави завет, порака и сл.; воопшто предаде на располагање. Познатата филмска ѕвезда им го остави целото наследство на двете ќерки. Тој им остави голем имот на децата, по неговата смрт.

7. Предизвика нешто, стане причина за појавата на нешто; трага, впечаток и сл. Крадците не оставиле никаква трага зад себе. Војската остави пустош по себе.

8. Не измени дадена состојба. Ги исекоа сите дрвја, само багремот го оставија. Децата влегоа и ја оставија вратата отворена.

9. Не земе под внимание, не се грижи. Вашите молби ги разгледав, неговата ја оставив. Медицинската сестра ги зеде сите книшки, само мојата ја остави.

10. Престане да се грижи. Тој ги остави сами своите родители, зашто не можеше веќе финансиски да излезе на крај. Децата од нашата улица го оставија кучето поради заразната болест што ја имаше. 1Не задева. Не ги задевај децата, остави ги, не можам да ги слушам. – Остави ја мајка ти намира, нека се одмори! 12. Не даде, не приготви, не изврши нешто што требало да биде. Мајка ти нѐ остави без ручек. Татко му го остави без ролери за роденденот. 13. Престане со одредена работа, напушти. Ќерка му ја остави таа работа, фати друга. 14. За жена / маж – се разведе. Таа си ги собра работите и го остави мажот. Старецот ја остави и втората жена и сега пак почна да пие. 15. Препушти нешто на некого. Сѐ ти оставам тебе, целата моја работа. Синко, ти го оставам занаетот, тој вреди злато. 16. Не прави нешто повеќе, се откаже. Татко му ги остави цигарите еве веќе една година. Еве, веќе цела година како го остави пиењето. 17. Одложи за понатаму. Браќата не ја довршија работата, се стемни и затоа ја оставија за утре. Ја оставија куќата недоправена. 18. Се оддалечи од нешто или од некого. И двајцата брзавме, но јас го оставив него далеку зад мене. Го оставивме селото далеку зад нас. 19. Пушти да расте брада, коса. Тој ја избричи брадата, а мустаќите ги остави. Девојчето ја остави косата да ѝ расте. 20. Направи впечаток. Таа девојка ми остави впечаток. 2(во императив). Остави го компјутерот да работи, не се исклучува секоја минута. Остави го часовникот да доѕвони, па потоа навиј го одново.

Конјугација: остават.

Изведени зборови:

  • се ~ остави, За маж / жена – се разведе. Тој се остави со жената минатиот месец. Неговите родители се оставија пред десет години.

Фразеолошки израз / поговорка:

Остави некого на пол пат (среде во калта, на цедило) – го изневери; не заврши работа за некого и сл. Го остави на место – го отепа, го убие. Тука ќе те оставам – закана. Остави настрана – заштеди. Не остави ни камен на камен – уништи, разурне. Да го оставиме тоа настрана – да не расправаме за тоа. Што можеш за денес, не оставај за утре (посл.).

Оригинални податоци:

остави, остават св. 1. Стави, кладе, спушти нешто негде со цел таму да остане. Библиотекарот ги остави книгите на масата. 2. Не земе нешто, не поведе некого со себе при одење, заминување некаде. Адвокатот ги оставил потребните документи во фиоката, а зел погрешни. Таа ги остави алиштата да се досушат. Родителите ја оставија ќерката кај баба ѝ речиси цел месец. Учителот ги остави децата во ходникот и сам влезе во салата за да го викне директорот. Сменоводителот остави двајца работници на станица за да ги пренесат сандаците, а другите ги однесе во магацинот. 3. Даде, смести нешто или некого некаде. Патниците ги оставија куферите на железничката станица. Благајникот ги остави парите во банката. 4. При јадење не изеде, не зеде, оддели нешто, зачува нешто за некого или со некаква цел. Тој го остави месото, само компирите ги изеде. Девојчето остави четири бонбони за брат ѝ. 5. За некое определено време. Учителот им остави десет минути време решавање на тестот. 6. По својата смрт или заминување предаде во наследство, остави завет, порака и сл.; воопшто предаде на располагање. Познатата филмска ѕвезда им го остави целото наследство на двете ќерки. Тој им остави голем имот на децата, по неговата смрт. 7. Предизвика нешто, стане причина за појавата на нешто; трага, впечаток и сл. Крадците не оставиле никаква трага зад себе. Војската остави пустош по себе. 8. Не измени дадена состојба. Ги исекоа сите дрвја, само багремот го оставија. Децата влегоа и ја оставија вратата отворена. 9. Не земе под внимание, не се грижи. Вашите молби ги разгледав, неговата ја оставив. Медицинската сестра ги зеде сите книшки, само мојата ја остави. 10. Престане да се грижи. Тој ги остави сами своите родители, зашто не можеше веќе финансиски да излезе на крај. Децата од нашата улица го оставија кучето поради заразната болест што ја имаше. 11. Не задева. Не ги задевај децата, остави ги, не можам да ги слушам. – Остави ја мајка ти намира, нека се одмори! 12. Не даде, не приготви, не изврши нешто што требало да биде. Мајка ти нѐ остави без ручек. Татко му го остави без ролери за роденденот. 13. Престане со одредена работа, напушти. Ќерка му ја остави таа работа, фати друга. 14. За жена / маж – се разведе. Таа си ги собра работите и го остави мажот. Старецот ја остави и втората жена и сега пак почна да пие. 15. Препушти нешто на некого. Сѐ ти оставам тебе, целата моја работа. Синко, ти го оставам занаетот, тој вреди злато. 16. Не прави нешто повеќе, се откаже. Татко му ги остави цигарите еве веќе една година. Еве, веќе цела година како го остави пиењето. 17. Одложи за понатаму. Браќата не ја довршија работата, се стемни и затоа ја оставија за утре. Ја оставија куќата недоправена. 18. Се оддалечи од нешто или од некого. И двајцата брзавме, но јас го оставив него далеку зад мене. Го оставивме селото далеку зад нас. 19. Пушти да расте брада, коса. Тој ја избричи брадата, а мустаќите ги остави. Девојчето ја остави косата да ѝ расте. 20. Направи впечаток. Таа девојка ми остави впечаток. 21. (во императив). Остави го компјутерот да работи, не се исклучува секоја минута. Остави го часовникот да доѕвони, па потоа навиј го одново. ● се ~ За маж / жена – се разведе. Тој се остави со жената минатиот месец. Неговите родители се оставија пред десет години. ◊ Остави некого на пол пат (среде во калта, на цедило) – го изневери; не заврши работа за некого и сл. Го остави на место – го отепа, го убие. Тука ќе те оставам – закана. Остави настрана – заштеди. Не остави ни камен на камен – уништи, разурне. Да го оставиме тоа настрана – да не расправаме за тоа. Што можеш за денес, не оставај за утре (посл.).