острина
Само во еднина.
Значење на острина:
1. Особина на тоа што е остро, што сече, реже и сл. Ја испроба острината на ножот. Се изненади од острината на своите заби.
2. Особина на тоа што има остар врв, што изгледа остро. Ја помнеше острината на карпите.
3. (прен.) Својство на тоа што е грубо, тврдо. Острината на козината не ѝ даваше да заспие.
4. (прен.) Својство и особина на тоа што се пројавува, што дејствува силно. Острината на неговиот глас ги изненади присутните. Острината на болката го раскинуваше во градите. Острина на мислата. Поседуваше извонредна острина на слухот.
5. Својство на тоа што е многу силно изразено. Острината на сликата на телевизорот се регулира со ова копче. Ја ублажуваше острината на поразот.
Оригинални податоци:
острина (само едн.) ж. 1. Особина на тоа што е остро, што сече, реже и сл. Ја испроба острината на ножот. Се изненади од острината на своите заби. 2. Особина на тоа што има остар врв, што изгледа остро. Ја помнеше острината на карпите. 3. (прен.) Својство на тоа што е грубо, тврдо. Острината на козината не ѝ даваше да заспие. 4. (прен.) Својство и особина на тоа што се пројавува, што дејствува силно. Острината на неговиот глас ги изненади присутните. Острината на болката го раскинуваше во градите. Острина на мислата. Поседуваше извонредна острина на слухот. 5. Својство на тоа што е многу силно изразено. Острината на сликата на телевизорот се регулира со ова копче. Ја ублажуваше острината на поразот.