остров

Именка, машки род

Значење на остров:

1. Дел од копно од сите страни опкружено со вода. Пуст остров. Вулкански остров. Корален остров.

2. (прен.) Нешто што е изолирано, нешто што се изделува од средината. По полето имаше мали зелени острови од шума.

Множина: острови.

Изведени зборови:

  • островче, и. ср. мн. островчиња ; островце, мн. островца дем.

Оригинални податоци:

остров, мн. острови м. 1. Дел од копно од сите страни опкружено со вода. Пуст остров. Вулкански остров. Корален остров. 2. (прен.) Нешто што е изолирано, нешто што се изделува од средината. По полето имаше мали зелени острови од шума. ǁ островче, мн. островчиња ср.; островце, мн. островца ср. дем.