освен

Сврзник

Значење на освен:

Како исклучен (ексклузивен), обично делот пред сврзникот е негиран, потоа следува информација за спротивност по исклучок.

Оригинални податоци:

освен сврз. сп. само. Како исклучен (ексклузивен), обично делот пред сврзникот е негиран, потоа следува информација за спротивност по исклучок. 1. Самостојно, при поврзување на дел што е спротивен од претходниот. Ова не е ништо друго, освен тивко умирање на совеста. Ова не е ништо од она што предвидовме, освен парада на лажна скромност. 2. освен ако, освен да, освен кога, освен што. Во состав со други сврзници за да се претстави нешто што е поинакво или спротивно по исклучок. Тие не можат да победат, освен ако се случи чудо. Тој ништо не ми може, освен да зборува дека има врз мене некаква моќ. Тој нема храброст да зборува, освен кога е сам, си кажува нешто неповрзано. Ништо не му побарав, освен што го замолив да престане да ми бара услуги. 3. освен во, освен да, освен за, освен на и сл. Во состави со предлози. Тие работат секој ден, освен во недела. Ова важи за сите, освен за неа. Таа не му кажа никому, освен на мажот.