отапи

Глагол, свршен

Значење на отапи:

1. Стане тап; неостар. Што е ова, отапеле сите ножеви во куќата.

2. (прен.) Изгуби осетливост на надворешни влијанија, стане неосетлив; изгуби духовна свежина, умна способност, оглупави. Му отапеа сетилата по сѐ што му се случи. Како да отапе од седативот и од неправдите. Во затворот со време тој отапе од едноличноста на денот.

Коњугација: (го) отапив , (го) отапија , (го) отапил , отапат , отапеа , отапев , отапел , отапен, отапи , птапете .

Изведени зборови:

  • отапува, глаг. несв. отапуваат
  • отапување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

отапи, отапат; отапи, птапете; отапев, отапеа; отапел; (го) отапив, (го) отапија; (го) отапил; отапен св. 1. Стане тап; неостар. Што е ова, отапеле сите ножеви во куќата. 2. (прен.) Изгуби осетливост на надворешни влијанија, стане неосетлив; изгуби духовна свежина, умна способност, оглупави. Му отапеа сетилата по сѐ што му се случи. Како да отапе од седативот и од неправдите. Во затворот со време тој отапе од едноличноста на денот. ǁ отапува, отапуваат несв. ǁ глаг. им. отапување ср.