отчука
Значење на отчука:
1. Означи со чукање, со биење (обично за часовник). Часовникот отчука дванаесет часот.
2. а) Напише нешто на машина за пишување. Го отчука текстот. б) Удирајќи, чукајќи на тастер, пренесе, сигнализира некаква информација. Ја отчука пораката на телеграфот.
3. (прен., разг.) Пријави, поткаже некого; предаде, накодоши. Го отчука кај властите.
Коњугација: отчукаат.
Изведени зборови:
- отчукува, глаг. несв. отчукуваат
- отчукување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
отчука, отчукаат св. 1. Означи со чукање, со биење (обично за часовник). Часовникот отчука дванаесет часот. 2. а) Напише нешто на машина за пишување. Го отчука текстот. б) Удирајќи, чукајќи на тастер, пренесе, сигнализира некаква информација. Ја отчука пораката на телеграфот. 3. (прен., разг.) Пријави, поткаже некого; предаде, накодоши. Го отчука кај властите. ‖ отчукува, отчукуваат несв. ‖ глаг. им. отчукување ср.