отец
Значење на отец:
вок. оче и отчеМножина: отци.
Фразеолошки израз / поговорка:
Свети отци – така се именуваат поголем број црковни учители, светители. Духовен отец – духовник, свештено лице кое се грижи за духовниот раст на еден христијанин.
Оригинални податоци:
отец, мн. отци, вок. оче и отче м. 1. (црков.) Второ именување на Бог. Бог е отец на сите оние што живеејќи според Божјите заповеди стануваат синови Божји по благодат. 2. (црков.) Свештено лице. Истакнати црковни отци. Отец Алексеј. ◊ Свети отци – така се именуваат поголем број црковни учители, светители. Духовен отец – духовник, свештено лице кое се грижи за духовниот раст на еден христијанин.