отепа

Глагол, свршен

Значење на отепа:

Усмрти, лиши од живот; убие. Го отепале арамиите. Ловџиите отепале еден зајак.

Коњугација: отепаат.

Изведени зборови:

  • отепува, глаг. несв. отепуваат
  • отепување, глаг. им. ср.
  • се ~ отепа, 1. Се убие самиот, се усмрти, си го одзеде животот. Се отепа синот на сосетката возејќи го моторчето. 2. Се убие еден со друг, меѓу себе. На двобојот двајцата пукаа истовремено и се отепаа. 3. Се измори премногу, изнемошти. Се отепа од работа.

Фразеолошки израз / поговорка:

Господ да те отепа – клетва.

Оригинални податоци:

отепа, отепаат св. Усмрти, лиши од живот; убие. Го отепале арамиите. Ловџиите отепале еден зајак. ● се ~ 1. Се убие самиот, се усмрти, си го одзеде животот. Се отепа синот на сосетката возејќи го моторчето. 2. Се убие еден со друг, меѓу себе. На двобојот двајцата пукаа истовремено и се отепаа. 3. Се измори премногу, изнемошти. Се отепа од работа. ◊ Господ да те отепа – клетва. ǁ отепува, отепуваат несв. ǁ глаг. им. отепување ср.