отепан

Придавка

Значење на отепан:

1. Што е усмртен, убиен, насилно лишен од живот.

2. (прен.) Духовно скршен. Отепан од судбината. Од состанокот излезе отепан.

3. (прен.) Изнемоштен, преморен.

4. Како им. Отепаниот лежеше на подот.

Членувана форма: отепаниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Отепан од господ – се наоѓа во многу лоша состојба, материјална, здравствена и сл.

Оригинални податоци:

отепан, отепаниот прид. 1. Што е усмртен, убиен, насилно лишен од живот. 2. (прен.) Духовно скршен. Отепан од судбината. Од состанокот излезе отепан. 3. (прен.) Изнемоштен, преморен. 4. Како им. Отепаниот лежеше на подот. ◊ Отепан од господ – се наоѓа во многу лоша состојба, материјална, здравствена и сл.