отера

Глагол, свршен

Значење на отера:

1. Истера добиток на пасење; тера. Ги отера говедата на пасење.

2. а) Избрка далеку од местото на престојување. Ги отераа преку граница. б) Со удар оддалечи некого или нешто од местото каде што бил. Со клоца го отера дури до вратата.

3. (прен., ирон.) Постигне голем успех. Далеку ја отера.

4. (прен.) Умре некого, го уништи. Тој го отера татка си в гроб.

5. (разг.) Опцуе. Го отера по ѓаволите.

Коњугација: отераат.

Изведени зборови:

  • отерува, глаг. несв. отеруваат
  • отерување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

отера, отераат св. 1. Истера добиток на пасење; сп. тера. Ги отера говедата на пасење. 2. а) Избрка далеку од местото на престојување. Ги отераа преку граница. б) Со удар оддалечи некого или нешто од местото каде што бил. Со клоца го отера дури до вратата. 3. (прен., ирон.) Постигне голем успех. Далеку ја отера. 4. (прен.) Умре некого, го уништи. Тој го отера татка си в гроб. 5. (разг.) Опцуе. Го отера по ѓаволите. ǁ отерува, отеруваат несв. ǁ глаг. им. отерување ср.