отежне

Глагол, свршен

Значење на отежне:

1. Стане потежок од порано. Тутунот отежнал од влагата. Детето отежнало од многу јадење и лежење.

2. (прен.) Стане тром, тешко подвижен. Му отежна снагата од многу замор.

3. Направи тешкотии во извршувањето на некоја работа. Комшијата ни ја отежна изградбата на куќата со поднесување тужба. Дождот и ветерот им го отежна движењето на луѓето.

Коњугација: (ќе) отежнеа , (ќе) отежнев , (ќе) отежнел, отежнаа , отежнав , отежнал , отежнат , отежнат , отежнете , отежни .

Изведени зборови:

  • отежнува, глаг. несв. отежнуваат
  • отежнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

отежне, отежнат; отежни, отежнете; отежнав, отежнаа; отежнал; отежнат; (ќе) отежнев, (ќе) отежнеа; (ќе) отежнел св. 1. Стане потежок од порано. Тутунот отежнал од влагата. Детето отежнало од многу јадење и лежење. 2. (прен.) Стане тром, тешко подвижен. Му отежна снагата од многу замор. 3. Направи тешкотии во извршувањето на некоја работа. Комшијата ни ја отежна изградбата на куќата со поднесување тужба. Дождот и ветерот им го отежна движењето на луѓето. ǁ отежнува, отежнуваат несв. ǁ глаг. им. отежнување ср.