отфрли
Значење на отфрли:
1. Фрли, оддалечи од себе, измести. Експлозијата го отфрли креветот.
2. Зафрли наназад или настрана. Ја отфрли главата наназад.
3. (прен.) Одбие, не прифати нешто, не се согласи. Тој ги отфрли сите обвинувања.
4. (прен.) Решително напушти; одбие, откаже љубов, внимание и сл. Тој ја отфрли својата жена. Нашето друштво го отфрли него за секогаш.
5. (разг.) Префрли со превозно средство. Тој ја отфрли мајка му со автомобилот до болница.
Коњугација: отфрлат.
Изведени зборови:
- отфрлање, глаг. им. ср.
- (се) отфрла, глаг. несв. (се) отфрлаат
- се ~ отфрли, Отскокне. Тој се отфрли наназад.
Оригинални податоци:
отфрли, отфрлат св. 1. Фрли, оддалечи од себе, измести. Експлозијата го отфрли креветот. 2. Зафрли наназад или настрана. Ја отфрли главата наназад. 3. (прен.) Одбие, не прифати нешто, не се согласи. Тој ги отфрли сите обвинувања. 4. (прен.) Решително напушти; одбие, откаже љубов, внимание и сл. Тој ја отфрли својата жена. Нашето друштво го отфрли него за секогаш. 5. (разг.) Префрли со превозно средство. Тој ја отфрли мајка му со автомобилот до болница. ● се ~ Отскокне. Тој се отфрли наназад. ‖ (се) отфрла, (се) отфрлаат несв. ‖ глаг. им. отфрлање ср.