оти

Сврзник

Разговорен збор, израз.

Значење на оти:

1. бидејќи, зашто, затоа_што, заради тоа што, одошто. а) За поврзување зависносложени причински реченици. Јас не дојдов оти бев болен. Оти не знаеја ништо, тие не положија. б) За надоврзување, со вметната реченица, при дообјаснување. Оти, како што гледате, за нас не постојат пречки. Оти, колку што знам јас, таму нема веќе што да се бара.

2. дека. а) Во исказни (декларативни) зависносложени реченици. Видов оти сакаш да градиш куќа. Тој дозна оти таа може да му помогне во работата. б). За искажување неверување и сомнеж, со негација. Не оти ќе дојде. И да видам не верувам. Не оти ќе учи.

Оригинални податоци:

оти сврз. (разг.) 1. сп. бидејќи, зашто, затоа што, заради тоа што, одошто. а) За поврзување зависносложени причински реченици. Јас не дојдов оти бев болен. Оти не знаеја ништо, тие не положија. б) За надоврзување, со вметната реченица, при дообјаснување. Оти, како што гледате, за нас не постојат пречки. Оти, колку што знам јас, таму нема веќе што да се бара. 2. сп. дека. а) Во исказни (декларативни) зависносложени реченици. Видов оти сакаш да градиш куќа. Тој дозна оти таа може да му помогне во работата. б). За искажување неверување и сомнеж, со негација. Не оти ќе дојде. И да видам не верувам. Не оти ќе учи.