отиде
Значење на отиде:
1. Појде кај некого или некаде. Отиде на прошетка. Отиде на работа. Децата отидоа дома на спиење. Девојките отидоа на вода. Сите отидоа на свадба.
2. Напушти некое место, замине, отпатува. Татко му отишол во Австралија на печалба. Гостите си отидоа доцна.
3. Се оддаде на нешто, се посвети. Син ми отиде партизан. Отиде војник. Оваа година двајца вработени отидоа во пензија.
4. Се прошири. Градот отиде премногу во ширина, зафаќајќи голем простор од предградието.
5. Потроши брзо, многу, сѐ; изгуби сѐ, пропадне. Нивната куќа отиде на долгови. Платата овој месец брзо ми отиде.
6. Се изгуби, потоне. Чамецот се наполни со вода и отиде под вода. Торбата се навали, испадна од чамецот и отиде на дното од реката.
Коњугација: (ќе) отидеа , (ќе) отидев , (ќе) отидел , отидат , отиден, отидете , отиди , отидоа , отидов , отишле , отишол .
Изведени зборови:
- се ~ отиде, Замине, отпатува. Си отиде (дома).
Фразеолошки израз / поговорка:
Отиде на оној свет – почине, умре. Отиде во ветер – исчезне, пропадне. Отиде во крајност – претера со нешто. Ми (ти...) отиде главата – закана, опасност. Отиде по ѓаволите – се загуби, пропадне, се уништи.
Оригинални податоци:
отиде, отидат; отиди, отидете; отидов, отидоа; отишол, отишле; (ќе) отидев, (ќе) отидеа; (ќе) отидел; отиден св. 1. Појде кај некого или некаде. Отиде на прошетка. Отиде на работа. Децата отидоа дома на спиење. Девојките отидоа на вода. Сите отидоа на свадба. 2. Напушти некое место, замине, отпатува. Татко му отишол во Австралија на печалба. Гостите си отидоа доцна. 3. Се оддаде на нешто, се посвети. Син ми отиде партизан. Отиде војник. Оваа година двајца вработени отидоа во пензија. 4. Се прошири. Градот отиде премногу во ширина, зафаќајќи голем простор од предградието. 5. Потроши брзо, многу, сѐ; изгуби сѐ, пропадне. Нивната куќа отиде на долгови. Платата овој месец брзо ми отиде. 6. Се изгуби, потоне. Чамецот се наполни со вода и отиде под вода. Торбата се навали, испадна од чамецот и отиде на дното од реката. ● си ~ Замине, отпатува. Си отиде (дома). ◊ Отиде на оној свет – почине, умре. Отиде во ветер – исчезне, пропадне. Отиде во крајност – претера со нешто. Ми (ти...) отиде главата – закана, опасност. Отиде по ѓаволите – се загуби, пропадне, се уништи.