отима
Спореди: отме.
Значење на отима:
Насилно зема нешто од некого, Разбојниците отимаа сѐ што ќе видеа.Коњугација: отимаат.
Изведени зборови:
- отимање, глаг. им. ср.
- се ~ отима, 1. Се граба за нешто. Жените се отимаа за лебот. 2. Се брани, се трга од некого. Таа плачејќи се отимаше и молеше да ја пуштат.
Оригинални податоци:
отима, отимаат несв. Насилно зема нешто од некого, сп. отме. Разбојниците отимаа сѐ што ќе видеа. ● се ~ 1. Се граба за нешто. Жените се отимаа за лебот. 2. Се брани, се трга од некого. Таа плачејќи се отимаше и молеше да ја пуштат. ǁ глаг. им. отимање ср.