откачи
Значење на откачи:
1. Симне, извади нешто што е закачено, обесено. Момчето ја откачи тамбурата од ѕидот и почна да свири. Тој го откачи палтото од закачалката.
2. Оддели од целина. Железничарите ги откачија двата последни вагона и по пет минути возот замина.
3. (прен., разг.) а) Оддели, раздвои од некого. Одвај го откачивме детето од тоа друштво. б) (разг.) Напушти некого. Таа ги откачи другарите и замина дома. Со мака се откачи од глувата старица. в) Оддели, раздвои двајца, тројца, повеќемина еден од друг. Се степаа, едвај ги откачивме.
4. Помине доста од предвидениот пат. Откачиле доста од селото.
5. (прен., разг.) Каже нешто што не соодветсвува на ситуацијата, без целосна контрола. Откачи една пцост.
Конјугација: откачат.
Изведени зборови:
- откачување, глаг. им. ср.
- се ~ откачи, 1. Се оддели од нешто за кое бил закачен. Куќата се откачи од дигалката и сандакот падна. Последниот вагон сам се откачи на надолнината. 2. (прен., разг.) Се оддели, се раздвои. Одвај се откачи од таа девојка. 3. (прен.) Му се испушти неконтролиран збор, недоволно обмислен, несоодветен на ситуацијата. Глупости! – му се откачи. 4. (прен. разг.) Побудале, се мрдне од умот. Тој ептен се откачил.
- (се) откачува, глаг. несв. (се) откачуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Зборува откачи-закачи – зборува неповрзано.
Оригинални податоци:
откачи, откачат св. 1. Симне, извади нешто што е закачено, обесено. Момчето ја откачи тамбурата од ѕидот и почна да свири. Тој го откачи палтото од закачалката. 2. Оддели од целина. Железничарите ги откачија двата последни вагона и по пет минути возот замина. 3. (прен., разг.) а) Оддели, раздвои од некого. Одвај го откачивме детето од тоа друштво. б) (разг.) Напушти некого. Таа ги откачи другарите и замина дома. Со мака се откачи од глувата старица. в) Оддели, раздвои двајца, тројца, повеќемина еден од друг. Се степаа, едвај ги откачивме. 4. Помине доста од предвидениот пат. Откачиле доста од селото. 5. (прен., разг.) Каже нешто што не соодветсвува на ситуацијата, без целосна контрола. Откачи една пцост. ● се ~ 1. Се оддели од нешто за кое бил закачен. Куќата се откачи од дигалката и сандакот падна. Последниот вагон сам се откачи на надолнината. 2. (прен., разг.) Се оддели, се раздвои. Одвај се откачи од таа девојка. 3. (прен.) Му се испушти неконтролиран збор, недоволно обмислен, несоодветен на ситуацијата. Глупости! – му се откачи. 4. (прен. разг.) Побудале, се мрдне од умот. Тој ептен се откачил. ◊ Зборува откачи-закачи – зборува неповрзано. ǁ (се) откачува, (се) откачуваат несв. ǁ глаг. им. откачување ср.