откако
Значење на откако:
1. Во временски реченици да се назначи дека дејството во главната реченица ќе се изврши по дејството во зависната дел-реченица. Откако ја напиша домашната работа, тој отиде да си игра. Тие дадоа гол откако го сменија начинот на игра. Откако се смени власта, стандардот на граѓаните почна да се менува.
2. одошто. Во споредување за да се назначи подобар избор. Подобро е да гледам само отстрана откако да се мешам во туѓа работа.
Оригинални податоци:
откако сврз. 1. Во временски реченици да се назначи дека дејството во главната реченица ќе се изврши по дејството во зависната дел-реченица. Откако ја напиша домашната работа, тој отиде да си игра. Тие дадоа гол откако го сменија начинот на игра. Откако се смени власта, стандардот на граѓаните почна да се менува. 2. сп. одошто. Во споредување за да се назначи подобар избор. Подобро е да гледам само отстрана откако да се мешам во туѓа работа.