откаже

Глагол, свршен

Значење на откаже:

1. Престане да признава важност на нешто однапред договорено. Го откажа состанокот. Потстанарите го откажаа договорот за купување на станот. Драмскиот театар ја откажа премиерата.

2. Не признае нешто дека е вистина, негира. Тој откажуваше дел од наводите на обвинението.

3. Не прифати, одбие нешто, престане со прифаќањето на нешто. Инженерите откажале да ги примат парите и да ја прифатат работата. Тој ќе дојде, не откажа.

4. Не е во состојба да врши работа/дејство. Нозете ми откажаа и јас паднав. Му откажаа рацете и тој го испушти послужавникот. Моторот откажа.

5. Престане да прави нешто што било навика или вообичаено дејство. Ги откажа цигарите.

Коњугација: (ќе) откажеа , (ќе) откажев , (ќе) откажел, откажавоткажаа , откажал , откажан , откажат , откажете , откажи .

Изведени зборови:

  • откажување, глаг. им. ср. откажување, PLUR_откажувања
  • се ~ откаже, 1. Се одрече, напушти нешто договорено, нешто што се имало или што се вршело. Тој се откажа од сѐ заради неа. Ние се откажавме од учеството на турнирот. 2. Прекине врска, однос со некого. Тој се откажал од својот син поради нивните несогласувања. 3. Напушти навика, вообичаена активност. Тој се откажа од пиење. 4. Напушти идеја, мислење, намера, нешто што се мислело да се изврши, да се направи. Се откажа од првобитната намера да се запише на факултет. Се откажа од мислата дека таму не е добредојден. 5. Одбие, напушти нешто што по закон му припаѓа, му следува. Се откажа од својот дел од наследството во корист на брат му.
  • (се) откажува, глаг. несв. (се) откажуваат

Оригинални податоци:

откаже, откажат; откажи, откажете; откажав,откажаа; откажал; откажан; (ќе) откажев, (ќе) откажеа; (ќе) откажел св. 1. Престане да признава важност на нешто однапред договорено. Го откажа состанокот. Потстанарите го откажаа договорот за купување на станот. Драмскиот театар ја откажа премиерата. 2. Не признае нешто дека е вистина, негира. Тој откажуваше дел од наводите на обвинението. 3. Не прифати, одбие нешто, престане со прифаќањето на нешто. Инженерите откажале да ги примат парите и да ја прифатат работата. Тој ќе дојде, не откажа. 4. Не е во состојба да врши работа/дејство. Нозете ми откажаа и јас паднав. Му откажаа рацете и тој го испушти послужавникот. Моторот откажа. 5. Престане да прави нешто што било навика или вообичаено дејство. Ги откажа цигарите. ● се ~ 1. Се одрече, напушти нешто договорено, нешто што се имало или што се вршело. Тој се откажа од сѐ заради неа. Ние се откажавме од учеството на турнирот. 2. Прекине врска, однос со некого. Тој се откажал од својот син поради нивните несогласувања. 3. Напушти навика, вообичаена активност. Тој се откажа од пиење. 4. Напушти идеја, мислење, намера, нешто што се мислело да се изврши, да се направи. Се откажа од првобитната намера да се запише на факултет. Се откажа од мислата дека таму не е добредојден. 5. Одбие, напушти нешто што по закон му припаѓа, му следува. Се откажа од својот дел од наследството во корист на брат му. ǁ (се) откажува, (се) откажуваат несв. ǁ глаг. им. откажување, мн. откажувања ср.