откине

Глагол, свршен

Значење на откине:

1. Одвои дел од целина; скине. Домаќинката откина парче од тестото и го расука. Кучето му откина парче од панталоните на крадецот.

2. (прен.) Спаси, ослободи. Стариот го откина момчето од рацете на терористите. Ти ме откина од сигурна смрт.

3. Со тешкотија изговори, изусти или испушти извик, лелек. Одвај откина еден збор од устата.

Коњугација: (ќе) откинеа , (ќе) откинев , (ќе) откинел, откинаа , откинав , откинал , откинат , откинат , откинете , откини .

Изведени зборови:

  • откинување, глаг. им. ср. откинување, PLUR_откинувања Во кусите откинувања на свеста од темнината го понесов тој лик.
  • се ~ откине, 1. Се спаси, се ослободи. Игор одвај се откина од полицијата. Мајка му за влакно се откина од смрт. 2. Изговори со тешкотија, офне, лелекне. Му се откина еден лелек од градите.
  • (се) откинува, глаг. несв. (се) откинуваат

Оригинални податоци:

откине, откинат; откини, откинете; откинав, откинаа; откинал; откинат; (ќе) откинев, (ќе) откинеа; (ќе) откинел св. 1. Одвои дел од целина; скине. Домаќинката откина парче од тестото и го расука. Кучето му откина парче од панталоните на крадецот. 2. (прен.) Спаси, ослободи. Стариот го откина момчето од рацете на терористите. Ти ме откина од сигурна смрт. 3. Со тешкотија изговори, изусти или испушти извик, лелек. Одвај откина еден збор од устата. ● се ~ 1. Се спаси, се ослободи. Игор одвај се откина од полицијата. Мајка му за влакно се откина од смрт. 2. Изговори со тешкотија, офне, лелекне. Му се откина еден лелек од градите. ǁ (се) откинува, (се) откинуваат несв. ǁ глаг. им. откинување, мн. откинувања ср. Во кусите откинувања на свеста од темнината го понесов тој лик.