откочи
Значење на откочи:
Ослободи, отпушти да работи, подготви да работи нешто што било закочено некаков механизам, кочница, пушка и сл.; Ја откочи бомбата и ја фрли кон непријателските редови. Го откочи пиштолот и го впери во противникот. Ја откочи колата и тргна.Коњугација: откочат.
Изведени зборови:
- откочување, глаг. им. ср.
- се ~ откочи, Престане да биде закочен.
- (се) откочува, глаг. несв. (се) откочуваат
Оригинални податоци:
откочи, откочат св. Ослободи, отпушти да работи, подготви да работи нешто што било закочено некаков механизам, кочница, пушка и сл.; спрот. закочи. Ја откочи бомбата и ја фрли кон непријателските редови. Го откочи пиштолот и го впери во противникот. Ја откочи колата и тргна. ● се ~ Престане да биде закочен. ǁ (се) откочува, (се) откочуваат несв. ǁ глаг. им. откочување ср.