откопа

Глагол, свршен

Значење на откопа:

1. Со копање извади нешто што е закопано. Стариот го откопа грнето со пари. Кучето ја откопа коската.

2. Раскопа, одгрне, отвори некаков затрупан, покриен простор. Археолозите ги откопаа темелите и долните делови од објектот. Градежното претпријатие со булдожер го откопа влезот на окното.

3. (прен.) Пронајде нешто скриено. Од каде ги откопа тие податоци.

Коњугација: откопаат.

Изведени зборови:

  • откопува, глаг. несв. откопуваат
  • откопување, глаг. им. ср. откопување, PLUR_откопувања Откопувањата на археолошките остатоци ќе продолжат.

Оригинални податоци:

откопа, откопаат св. 1. Со копање извади нешто што е закопано. Стариот го откопа грнето со пари. Кучето ја откопа коската. 2. Раскопа, одгрне, отвори некаков затрупан, покриен простор. Археолозите ги откопаа темелите и долните делови од објектот. Градежното претпријатие со булдожер го откопа влезот на окното. 3. (прен.) Пронајде нешто скриено. Од каде ги откопа тие податоци. ǁ откопува, откопуваат несв. ǁ глаг. им. откопување, мн. откопувања ср. Откопувањата на археолошките остатоци ќе продолжат.