открие
Значење на открие:
1. Истави покривач, одвие нешто покриено. Мајката го откриви лицето на бебето. Ветерот го откри лицето на девојката. Силниот ветер ја откри куќата.
2. а) Претстави, покаже нешто (споменик, спомен-плоча и сл.) пред јавноста; промовира. Градоначалникот ја откри спомен-плочата на херојот. б) Соопшти, каже некому или изнесе пред јавноста тајна, намера, афера, корупција итн.
3. а) Пронајде нешто во науката, дојде до откритие. Арапите ја откриле билката на кафето. Тие откриле нови наоѓалишта на јаглен. б) Разоткрие вистина. Полицијата го откри скриеното оружје. Научниците откриле дека вулканските ерупции на површината фрлаат стотици илјади тони елементи неопходни за индустриското производство. в) Наиде на нешто случајно, неочекувано. Децата секој ден откриваа коски од скелети во полето.
Коњугација: (ќе) откриев , (ќе) откриеја , (ќе) откриел , открив , откриен, откриј , открија , откријат , откријте , открил .
Изведени зборови:
- открива, глаг. несв. откриваат
- откривање, глаг. им. ср. откривање, PLUR_откривања
- се ~ открие, 1. Истави, симне покривач од себе. Детето се открило. 2. Еден со друг истави покривач. Братчето и сестричето не можеа да заспијат и постојано се закачаа и се откриваа: таа го тргаше неговото ќебе, а тој нејзиното. 3. (прен.) а) За човек – се покаже пред некого, се разоткрие. Анамката се откри пред гостите. б) За простор – се покаже, се појави пред некого. Пред него се открија широки простори. Пред децата се откри голема ширина. 4. Се довери. Девојката се откри пред мене, зашто чувствуваше дека сум ѝ пријателка.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ја откри Америка – открие веќе позната работа.
Оригинални податоци:
открие, откријат; откриј, откријте; открив, открија; открил; (ќе) откриев, (ќе) откриеја; (ќе) откриел; откриен св. 1. Истави покривач, одвие нешто покриено. Мајката го откриви лицето на бебето. Ветерот го откри лицето на девојката. Силниот ветер ја откри куќата. 2. а) Претстави, покаже нешто (споменик, спомен-плоча и сл.) пред јавноста; промовира. Градоначалникот ја откри спомен-плочата на херојот. б) Соопшти, каже некому или изнесе пред јавноста тајна, намера, афера, корупција итн. 3. а) Пронајде нешто во науката, дојде до откритие. Арапите ја откриле билката на кафето. Тие откриле нови наоѓалишта на јаглен. б) Разоткрие вистина. Полицијата го откри скриеното оружје. Научниците откриле дека вулканските ерупции на површината фрлаат стотици илјади тони елементи неопходни за индустриското производство. в) Наиде на нешто случајно, неочекувано. Децата секој ден откриваа коски од скелети во полето. ● се ~ 1. Истави, симне покривач од себе. Детето се открило. 2. Еден со друг истави покривач. Братчето и сестричето не можеа да заспијат и постојано се закачаа и се откриваа: таа го тргаше неговото ќебе, а тој нејзиното. 3. (прен.) а) За човек – се покаже пред некого, се разоткрие. Анамката се откри пред гостите. б) За простор – се покаже, се појави пред некого. Пред него се открија широки простори. Пред децата се откри голема ширина. 4. Се довери. Девојката се откри пред мене, зашто чувствуваше дека сум ѝ пријателка. ◊ Ја откри Америка – открие веќе позната работа. ǁ открива, откриваат несв. ǁ глаг. им. откривање, мн. откривања ср.