откровение 1
Црковен термин.
Значење на откровение:
1. Така се именуваат вистините што Бог им ги открива на луѓето за Себе, за светот, за човекот и за смислата на своето постоење, за животот и за спасението; акт на Божјата волја, преку кој Бог ги открива своите намери и цели во овој свет. Откровението е главен извор на сознанија.
2. Пророчка книга на св. апостол Јован Богослов, со која завршува Библијата. Откровение на Јован Богослов.
Множина: откровенија.
Оригинални податоци:
откровение1, мн. откровенија ср. (црков.) 1. Така се именуваат вистините што Бог им ги открива на луѓето за Себе, за светот, за човекот и за смислата на своето постоење, за животот и за спасението; акт на Божјата волја, преку кој Бог ги открива своите намери и цели во овој свет. Откровението е главен извор на сознанија. 2. Пророчка книга на св. апостол Јован Богослов, со која завршува Библијата. Откровение на Јован Богослов.