откупи

Глагол, свршен

Значење на откупи:

1. Со откуп ослободи некого од ропство, заробеништво, грев и сл. Тој го откупи брата си од киднаперите. Нивната земја ги откупи своите затвореници за голема сума пари.

2. Целосно купи стока, производ. Неготинската фабрика за конзервирање зеленчук го откупи производството на ран зеленчук: домати и пиперки од земјоделците. Тие ги откупија општествените станови. На аукцијата тој ја откупи најскапата слика. Издавачот ги откупи авторските права. Жири-комисијата откупи повеќе раскази за објавување од непознати автори.

3. Поврати со откуп, одземе нешто што на некој начин било отуѓено од сопственикот. Ќерката ги откупи сите слики од својот татко што беа подарувани или продавани и направи голема изложба. Луѓето од селата ги откупуваа своите стари куќи што некогаш ги продаваа.

Коњугација: откупат.

Изведени зборови:

  • откупување, глаг. им. ср.
  • се ~ откупи, Плати за себе да се ослободи од обврска, ропство и сл. Тој се откупи од долгот за две илјади долари. Само еден роб се откупи од робовладетелот. Таа се откупи од чорбаџијата за пет жолтици.
  • (се) откупува, глаг. несв. (се) откупуваат

Оригинални податоци:

откупи, откупат св. 1. Со откуп ослободи некого од ропство, заробеништво, грев и сл. Тој го откупи брата си од киднаперите. Нивната земја ги откупи своите затвореници за голема сума пари. 2. Целосно купи стока, производ. Неготинската фабрика за конзервирање зеленчук го откупи производството на ран зеленчук: домати и пиперки од земјоделците. Тие ги откупија општествените станови. На аукцијата тој ја откупи најскапата слика. Издавачот ги откупи авторските права. Жири-комисијата откупи повеќе раскази за објавување од непознати автори. 3. Поврати со откуп, одземе нешто што на некој начин било отуѓено од сопственикот. Ќерката ги откупи сите слики од својот татко што беа подарувани или продавани и направи голема изложба. Луѓето од селата ги откупуваа своите стари куќи што некогаш ги продаваа. ● се ~ Плати за себе да се ослободи од обврска, ропство и сл. Тој се откупи од долгот за две илјади долари. Само еден роб се откупи од робовладетелот. Таа се откупи од чорбаџијата за пет жолтици. ǁ (се) откупува, (се) откупуваат несв. ǁ глаг. им. откупување ср.