отмен

Придавка

Значење на отмен:

1. Фин, што има убаво однесување. Отмена дама. Отмен свет од филмската уметност. Отмен европски салон. Отмен изглед.

2. Што се облекува убаво, со стил. Тој беше отмен човек во облека од најквалитетен англиски штоф.

Членувана форма: отмениот.

Изведени зборови:

  • отмено, прил. Одмавна отмено со шамивчето.
  • отменост, и. ж.

Оригинални податоци:

отмен, отмениот прид. 1. Фин, што има убаво однесување. Отмена дама. Отмен свет од филмската уметност. Отмен европски салон. Отмен изглед. 2. Што се облекува убаво, со стил. Тој беше отмен човек во облека од најквалитетен англиски штоф. ǁ отмено прил. Одмавна отмено со шамивчето. ǁ отменост ж.