отпадне

Глагол, свршен

Значење на отпадне:

1. Престане да биде во составот на нешто, се откачи од нешто, исклучи од нешто. Од дрвјата отпадна и последниот лист. Косата сосема му отпадна. Малтерот од фасадата отпадна од силните дождови. Ѓонот од чевелот ми отпаднал.

2. Се оддели од група, од некоја целина. Тој отпадна од нашата вера. Најдобриот артист отпадна од претставата.

3. Пропадне договор, спогодба, план и сл. Нашиот договор отпадна, затоа што тој бараше многу од мене.

4. Припадне на некаква целина, дел е од целина. Триесет отсто од извозот отпадна на раноградинарските култури.

Коњугација: (ќе) отпаднеа , (ќе) отпаднев , (ќе) отпаднел, отпаднаа , отпаднав , отпаднал , отпаднат , отпаднат , отпаднете , отпадни .

Изведени зборови:

  • отпаднува, глаг. несв. отпаднуваат – повт.
  • отпаднување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

отпадне, отпаднат; отпадни, отпаднете; отпаднав, отпаднаа; отпаднал; отпаднат; (ќе) отпаднев, (ќе) отпаднеа, (ќе) отпаднел св. 1. Престане да биде во составот на нешто, се откачи од нешто, исклучи од нешто. Од дрвјата отпадна и последниот лист. Косата сосема му отпадна. Малтерот од фасадата отпадна од силните дождови. Ѓонот од чевелот ми отпаднал. 2. Се оддели од група, од некоја целина. Тој отпадна од нашата вера. Најдобриот артист отпадна од претставата. 3. Пропадне договор, спогодба, план и сл. Нашиот договор отпадна, затоа што тој бараше многу од мене. 4. Припадне на некаква целина, дел е од целина. Триесет отсто од извозот отпадна на раноградинарските култури. ǁ отпаднува, отпаднуваат несв. – повт. ǁ глаг. им. отпаднување ср.