отпадник

Именка, машки род

Значење на отпадник:

1. Тој што отпаднал, се одделил од некоја група. Отпадник од општеството. Тој е прогласен за отпадник, фракционер.

2. Тој што ја сменил верата или што станал неверник. Отпадници од верата.

Множина: отпадници.

Изведени зборови:

  • отпадничка, и. ж.

Оригинални податоци:

отпадник, мн. отпадници м. 1. Тој што отпаднал, се одделил од некоја група. Отпадник од општеството. Тој е прогласен за отпадник, фракционер. 2. Тој што ја сменил верата или што станал неверник. Отпадници од верата. ǁ отпадничка, мн. отпаднички ж.