отпечати 1
Значење на отпечати:
1. Публикува, заврши печатење на нешто. Книгата ја отпечативме во голем тираж. Печатницата ја отпечати книгата во рекорден рок.
2. Извади отпечток на печатач. Тој ги отпечати сите статии на печатач и ги стави во папка.
Коњугација: отпечатат.
Изведени зборови:
- отпечатување, глаг. им. ср.
- се ~ отпечати, Остави трага на некоја површина. Прстите на крадецот му се отпечатиле на ѕидот кога го допрел. Стапалките од калните чевли му се отпечатија на килимот.
- (се) отпечатува, глаг. несв. (се) отпечатуваат
Оригинални податоци:
отпечати1, отпечатат св. 1. Публикува, заврши печатење на нешто. Книгата ја отпечативме во голем тираж. Печатницата ја отпечати книгата во рекорден рок. 2. Извади отпечток на печатач. Тој ги отпечати сите статии на печатач и ги стави во папка. ● се ~ Остави трага на некоја површина. Прстите на крадецот му се отпечатиле на ѕидот кога го допрел. Стапалките од калните чевли му се отпечатија на килимот. ǁ (се) отпечатува, (се) отпечатуваат несв. ǁ глаг. им. отпечатување ср.