отпечаток

Именка, машки род

Значење на отпечаток:

1. Трага, белег од допирање или натискање. Отпечаток од прсти. Со отпечатокот од стапалата ќе појдете кај ортопедот.

2. Одделен примерок од отпечатен текст; сепарат. Одделен отпечаток.

3. (прен.) Трага, белег, карактеристика на нешто. Тоа остави силен отпечаток во процесот на издигање на јазичната култура. Отпечток на времето.

Множина: отпечатоци.

Оригинални податоци:

отпечаток, отпечатоци м. 1. Трага, белег од допирање или натискање. Отпечаток од прсти. Со отпечатокот од стапалата ќе појдете кај ортопедот. 2. Одделен примерок од отпечатен текст; сепарат. Одделен отпечаток. 3. (прен.) Трага, белег, карактеристика на нешто. Тоа остави силен отпечаток во процесот на издигање на јазичната култура. Отпечток на времето.