отпее
Значење на отпее:
1. Испее песна или дел од поголемо музичко дело. Тој отпеа многу убаво. Таа отпеа една стара народна песна. Младинскиот хор отпеа неколку преработени партизански песни.
2. Отслужи литургија, прочита молитва. Попот отпеа на гробот. Тој му отпеа простена молитва.
3. (арх.) Прочита напишан текст. Чорбаџијата го отпеа напишаното на книжулето.
Коњугација: (ќе) отпеев , (ќе) отпееја , (ќе) отпеел, отпеав , отпеаја , отпеал , отпеан , отпеат , отпеј , отпејте .
Фразеолошки израз / поговорка:
Го отпеа своето – заврши со дејствување, работење и сл.
Оригинални податоци:
отпее, отпеат; отпеј, отпејте; отпеав, отпеаја; отпеал; отпеан; (ќе) отпеев, (ќе) отпееја; (ќе) отпеел св. 1. Испее песна или дел од поголемо музичко дело. Тој отпеа многу убаво. Таа отпеа една стара народна песна. Младинскиот хор отпеа неколку преработени партизански песни. 2. Отслужи литургија, прочита молитва. Попот отпеа на гробот. Тој му отпеа простена молитва. 3. (арх.) Прочита напишан текст. Чорбаџијата го отпеа напишаното на книжулето. ◊ Го отпеа своето – заврши со дејствување, работење и сл.