отпише

Глагол, свршен

Значење на отпише:

1. Избрише, пречкрта некого од списокот; од некаква заедница. Детето го отпишаа од тоа училиште.

2. Врши отпис во книговодство. По извршениот попис, ги отпишавме сите стари бироа.

3. Престане да смета на некого или на нешто. Автомобилот ни се расипа и ние го отпишавме, бидејќи не бевме во можност да го поправиме. Не можеа да го пронајдат и спасувачите го отпишаа момчето.

Коњугација: (ќе) отпишеа , (ќе) отпишев , (ќе) отпишел, отпишаа , отпишав , отпишал , отпишан , отпишат , отпишете , отпиши .

Изведени зборови:

  • отпишување, глаг. им. ср.
  • се ~ отпише, Престане да членува во некаква заедница, група, партија и сл. Тој се отпиша од планинарското друштво.
  • (се) отпишува, глаг. несв. (се) отпишуваат

Оригинални податоци:

отпише, отпишат; отпиши, отпишете; отпишав, отпишаа; отпишал; отпишан; (ќе) отпишев, (ќе) отпишеа; (ќе) отпишел св. 1. Избрише, пречкрта некого од списокот; од некаква заедница. Детето го отпишаа од тоа училиште. 2. Врши отпис во книговодство. По извршениот попис, ги отпишавме сите стари бироа. 3. Престане да смета на некого или на нешто. Автомобилот ни се расипа и ние го отпишавме, бидејќи не бевме во можност да го поправиме. Не можеа да го пронајдат и спасувачите го отпишаа момчето. ● се ~ Престане да членува во некаква заедница, група, партија и сл. Тој се отпиша од планинарското друштво. ǁ (се) отпишува, (се) отпишуваат несв. ǁ глаг. им. отпишување ср.