отпознае
Значење на отпознае:
Заборави, не познае веќе некого. Тој го отпозна својот брат, затоа што не го беше видел 20 години.Коњугација: (ќе) отпознаев , (ќе) отпознаеја , (ќе) отпознаел , отпознаа , отпознаат , отпознав , отпознаен, отпознај , отпознајте , отпознал , отпознам и отпознаам , отпознат .
Изведени зборови:
- се ~ отпознае, Се заборави, не се познава веќе. Помина многу време и другарите се отпознаа меѓу себе. Не сме се виделе одамна, се отпознавме.
Оригинални податоци:
отпознае, отпознам и отпознаам, отпознаат; отпознај, отпознајте; отпознав, отпознаа; отпознал; отпознат; (ќе) отпознаев, (ќе) отпознаеја; (ќе) отпознаел; отпознаен св. Заборави, не познае веќе некого. Тој го отпозна својот брат, затоа што не го беше видел 20 години. ● се ~ Се заборави, не се познава веќе. Помина многу време и другарите се отпознаа меѓу себе. Не сме се виделе одамна, се отпознавме.