отпушти

Глагол, свршен

Значење на отпушти:

1. а) Престане да држи, пушти, испушти нешто од рака. Таа за момент го отпушти детето и тоа падна. Домаќинката ја отпушти чинијата и таа се скрши. б) Разлабави, пушти да виси. Коњаникот се оддалечи од коњот и ја отпушти уздата.

2. а) Даде некому отказ од работа. Сопственикот ги отпушти работниците од работа, поради кризата во таа стопанска гранка. б) Ослободи, пушти некого од служба, од војска, од затвор, од болница и сл. Претседателот отпушти од затворот дваесет затвореници во чест на празникот. Стариот го отпуштиле од болница како безнадежен случај.

3. Олабави, ослободи од напнатост. Таа ги отпушти рацете и заспа. Чистиот воздух го отпушти.

4. Пушти во промет; даде за користење. Банката отпушти нови банкноти.

5. Острани препрека, овозможи протек, излез. Земјоделецот ја отпушти водата од каналот за да го наводени полето. Мајсторот ја отпушти водата од бојлерот за да може да го поправи. Локомотивата отпушташе црн чад.

6. Се издели во резултат на хемиска реакција. Атомите на елементите со мал број електрони во надворешниот електронски слој, за разлика од атомот на јаглеродот, лесно отпуштаат електрони.

Коњугација: отпуштат.

Изведени зборови:

  • отпуштање, глаг. им. ср.
  • (се) отпушта, глаг. несв. (се) отпуштаат
  • се ~ отпушти, 1. Престане да се држи. Гимнастичарот се отпушти од вратилото и падна. 2. Пушти од рака. Детето се отпушти од мајката и падна. 3. Се ослободи. Кучето само се отпуштило од синџирот и избегало. 4. Се разлабави, се олабави. Вентилот се отпуштил сам и почнала да тече силна вода. 5. Престане да се стега, да се држи здрвено, се релаксира. Таа разочарано се отпушти на фотелјата. По масажата нозете му се отпуштија. 6. Каже нешто неконтролирано, се искаже, престане да се воздржува. не можеше повеќе да молчи, се отпушти и сѐ им изнакажа.

Оригинални податоци:

отпушти, отпуштат св. 1. а) Престане да држи, пушти, испушти нешто од рака. Таа за момент го отпушти детето и тоа падна. Домаќинката ја отпушти чинијата и таа се скрши. б) Разлабави, пушти да виси. Коњаникот се оддалечи од коњот и ја отпушти уздата. 2. а) Даде некому отказ од работа. Сопственикот ги отпушти работниците од работа, поради кризата во таа стопанска гранка. б) Ослободи, пушти некого од служба, од војска, од затвор, од болница и сл. Претседателот отпушти од затворот дваесет затвореници во чест на празникот. Стариот го отпуштиле од болница како безнадежен случај. 3. Олабави, ослободи од напнатост. Таа ги отпушти рацете и заспа. Чистиот воздух го отпушти. 4. Пушти во промет; даде за користење. Банката отпушти нови банкноти. 5. Острани препрека, овозможи протек, излез. Земјоделецот ја отпушти водата од каналот за да го наводени полето. Мајсторот ја отпушти водата од бојлерот за да може да го поправи. Локомотивата отпушташе црн чад. 6. Се издели во резултат на хемиска реакција. Атомите на елементите со мал број електрони во надворешниот електронски слој, за разлика од атомот на јаглеродот, лесно отпуштаат електрони. ● се ~ 1. Престане да се држи. Гимнастичарот се отпушти од вратилото и падна. 2. Пушти од рака. Детето се отпушти од мајката и падна. 3. Се ослободи. Кучето само се отпуштило од синџирот и избегало. 4. Се разлабави, се олабави. Вентилот се отпуштил сам и почнала да тече силна вода. 5. Престане да се стега, да се држи здрвено, се релаксира. Таа разочарано се отпушти на фотелјата. По масажата нозете му се отпуштија. 6. Каже нешто неконтролирано, се искаже, престане да се воздржува. не можеше повеќе да молчи, се отпушти и сѐ им изнакажа. ǁ (се) отпушта, (се) отпуштаат несв. ǁ глаг. им. отпуштање ср.