отров

Именка, машки род

Значење на отров:

1. Материја штетна и смртоносна за живите организми. Змиски отров. Силен, јак отров. Отров за глувци.

2. (прен.) Нешто со многу горчлив, лут, солен и сл. вкус. Пиперкава е отров, многу е лута.

Множина: отрови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Боен отров – хемиско средство наменето за уништување на непријателска жива сила. Отров и пелин да му стане – клетва. Отров да ти се стори – клетва.

Оригинални податоци:

отров, мн. отрови м. 1. Материја штетна и смртоносна за живите организми. Змиски отров. Силен, јак отров. Отров за глувци. 2. (прен.) Нешто со многу горчлив, лут, солен и сл. вкус. Пиперкава е отров, многу е лута. ◊ Боен отров – хемиско средство наменето за уништување на непријателска жива сила. Отров и пелин да му стане – клетва. Отров да ти се стори – клетва.