отрпне

Глагол, свршен

Значење на отрпне:

1. Изгуби моќ за движење, чувствителност на некој дел од телото; се вкочани, се здрви почувствува трпки. Раката на мајка ми ѝ отрпна.

2. (прен.) Стане нечувствителен, рамнодушен на нешто. Веќе отрпнав на нивните постојани расправии и повеќе не им се мешам.

Коњугација: (ќе) отрпнеа , (ќе) отрпнев , (ќе) отрпнел, отрпнаа , отрпнав , отрпнал , отрпнат , отрпнете , отрпни .

Изведени зборови:

  • отрпнува, глаг. несв. отрпнуваат
  • отрпнување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кожата ми отрпна – станав нечувствителен на нешто.

Оригинални податоци:

отрпне, отрпнат; отрпни, отрпнете; отрпнав, отрпнаа; отрпнал; (ќе) отрпнев, (ќе) отрпнеа; (ќе) отрпнел св. 1. Изгуби моќ за движење, чувствителност на некој дел од телото; се вкочани, се здрви почувствува трпки. Раката на мајка ми ѝ отрпна. 2. (прен.) Стане нечувствителен, рамнодушен на нешто. Веќе отрпнав на нивните постојани расправии и повеќе не им се мешам. ◊ Кожата ми отрпна – станав нечувствителен на нешто. ǁ отрпнува, отрпнуваат несв. ǁ глаг. им. отрпнување ср.