отсече
Значење на отсече:
1. Со сечење оддели парче од нешто. Таа отсече едно парче од тортата. Домаќинката им ги отсече врвовите на доматите.
2. (прен.) Решително, отсечно рече. Отсече кусо со раката и со гласот. Не! – отсече тој.
Коњугација: (ќе) отсечеа , (ќе) отсечев , (ќе) отсечел , отсекле , отсекоа , отсеков , отсекол , отсечат , отсечен, отсечете , отсечи .
Изведени зборови:
- отсекување, глаг. им. ср. отсекување / отсечување
- (се) отсекува, глаг. несв. (се) отсекуваат -- (се) отсечува, (се) отсечуваат
- се ~ отсече, (прен.) Изгуби сила и сл. Рацете и нозете ми се отсекоа кога ми кажаа за татко ми.
Оригинални податоци:
отсече, отсечат; отсечи, отсечете; отсеков, отсекоа; отсекол, отсекле; (ќе) отсечев, (ќе) отсечеа; (ќе) отсечел; отсечен св. 1. Со сечење оддели парче од нешто. Таа отсече едно парче од тортата. Домаќинката им ги отсече врвовите на доматите. 2. (прен.) Решително, отсечно рече. Отсече кусо со раката и со гласот. Не! – отсече тој. ● се ~ (прен.) Изгуби сила и сл. Рацете и нозете ми се отсекоа кога ми кажаа за татко ми. ‖ (се) отсекува, (се) отсекуваат / (се) отсечува, (се) отсечуваат несв. ‖ глаг. им. отсекување / отсечување ср.