отсјајува
Значење на отсјајува:
1. Оддава сјај, блесок. Сончевите зраци отсјајуваа на површината од водата.
2. Се одразува, се огледува во нешто. Од очите му отсјајуваше душата.
Коњугација: отсјајуваат.
Изведени зборови:
- отсјајување, глаг. им. ср.
- се ~ отсјајува, Се одразува. Од запалените облачни крилја плискаат жарови што се отсјајуваат во нејзините кадифени очи.
Оригинални податоци:
отсјајува, отсјајуваат несв. 1. Оддава сјај, блесок. Сончевите зраци отсјајуваа на површината од водата. 2. Се одразува, се огледува во нешто. Од очите му отсјајуваше душата. ● се ~ Се одразува. Од запалените облачни крилја плискаат жарови што се отсјајуваат во нејзините кадифени очи. ‖ глаг. им. отсјајување ср.