отслужи
Значење на отслужи:
1. Заврши, изврши воена или некоја друга обврска. Отслужи воен рок. Отслужи војска. Дојдовме од далечни мориња и чесно му отслуживме на царот.
2. Изврши црковна служба. Отслужи утрена. Отслужи вечерна. Отслужи литургија.
3. (разг.) Ислужи, не е веќе во употреба. Автомобилот си го отслужи своето. Тој си го отслужи своето.
Коњугација: отслужат.
Изведени зборови:
- отслужува, глаг. несв. отслужуваат
- отслужување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
отслужи, отслужат св. 1. Заврши, изврши воена или некоја друга обврска. Отслужи воен рок. Отслужи војска. Дојдовме од далечни мориња и чесно му отслуживме на царот. 2. Изврши црковна служба. Отслужи утрена. Отслужи вечерна. Отслужи литургија. 3. (разг.) Ислужи, не е веќе во употреба. Автомобилот си го отслужи своето. Тој си го отслужи своето. ‖ отслужува, отслужуваат несв. ‖ глаг. им. отслужување ср.