отсрами
Значење на отсрами:
Направи некој да не се усрами, да избегне срам. Виното ги отсрами домаќините.Коњугација: отсрамат.
Изведени зборови:
- отсрамување, глаг. им. ср.
- се ~ отсрами, Избегне срам, избегне непријатна ситуација со исполнување на некоја обврска. Со слатко и кафе домаќинката се отсрами пред ненадејните гости. Ако не беше гостинската соба ќе се усрамевме – со неа се отсрамивме.
- (се) отсрамува, глаг. несв. (се) отсрамуваат
Оригинални податоци:
отсрами, отсрамат св. Направи некој да не се усрами, да избегне срам. Виното ги отсрами домаќините. ● се ~ Избегне срам, избегне непријатна ситуација со исполнување на некоја обврска. Со слатко и кафе домаќинката се отсрами пред ненадејните гости. Ако не беше гостинската соба ќе се усрамевме – со неа се отсрамивме. ‖ (се) отсрамува, (се) отсрамуваат несв. ‖ глаг. им. отсрамување ср.