отстапи

Глагол, свршен

Значење на отстапи:

1. Се тргне од местото, се повлече назад. Сите отстапија за да помине владиката. Тој отстапи еден чекор назад.

2. За војска – се повлече. Воената единица отстапи на најблискиот рид.

3. а) Попушти (во став, мислење, убедување, во спор и сл.). Отстапи од своите поранешни ставови. Во спорот ние не отстапивме по ниедна цена. б) Напушти, престане да се придржува кон нешто (закон, норма, обичај, програма и сл.) Отстапи од верата. Отстапи од законот.

4. Намали, попушти во цената. Отстапи ни малку од цената, па ќе ти ја купиме куќата. Не отстапувам ни денар за нивата.

5. Се откаже од нешто во полза на друг. Домаќинот му го отстапи својот кревет на гостинот. Отстапи место. Отстапи ред.

Коњугација: отстапат.

Изведени зборови:

  • отстапува, глаг. несв. отстапуваат
  • отстапување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

отстапи, отстапат св. 1. Се тргне од местото, се повлече назад. Сите отстапија за да помине владиката. Тој отстапи еден чекор назад. 2. За војска – се повлече. Воената единица отстапи на најблискиот рид. 3. а) Попушти (во став, мислење, убедување, во спор и сл.). Отстапи од своите поранешни ставови. Во спорот ние не отстапивме по ниедна цена. б) Напушти, престане да се придржува кон нешто (закон, норма, обичај, програма и сл.) Отстапи од верата. Отстапи од законот. 4. Намали, попушти во цената. Отстапи ни малку од цената, па ќе ти ја купиме куќата. Не отстапувам ни денар за нивата. 5. Се откаже од нешто во полза на друг. Домаќинот му го отстапи својот кревет на гостинот. Отстапи место. Отстапи ред. ‖ отстапува, отстапуваат несв. ‖ глаг. им. отстапување ср.