отсуди

Глагол, свршен

Значење на отсуди:

1. Изрече пресуда, пресуди. Како ќе отсуди судот, така ќе биде.

2. Реши, одлучи. Го викнал соседот откако отсудил да му даде заем.

3. Искаже свое мислење. Брат ти инаку ќе отсуди.

4. (арх.) Осуди некого, донесе пресуда против некого. Јас дојдов за да ве отсудам.

Коњугација: отсудат.

Изведени зборови:

  • отсудува, глаг. несв. отсудуваат
  • отсудување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

отсуди, отсудат св. 1. Изрече пресуда, пресуди. Како ќе отсуди судот, така ќе биде. 2. Реши, одлучи. Го викнал соседот откако отсудил да му даде заем. 3. Искаже свое мислење. Брат ти инаку ќе отсуди. 4. (арх.) Осуди некого, донесе пресуда против некого. Јас дојдов за да ве отсудам. ‖ отсудува, отсудуваат несв. ‖ глаг. им. отсудување ср.