оттурне

Глагол, свршен

Значење на оттурне:

1. Со притисок, со туркање, направи нешто да се помести, да се оддалечи, да се одбие. Тој ја оттурна чашата. Го оттурна чамецот.

2. (прен.) Оддалечи, отстрани, потисне. Тој настан ги оттурнал на втор план сите други проблеми.

Коњугација: (ќе) оттурнеа , (ќе) оттурнев , (ќе) оттурнел, оттурнаа , оттурнав , оттурнал , оттурнат , оттурнат , оттурнете , оттурни .

Изведени зборови:

  • оттурнување, глаг. им. ср.
  • се ~ оттурне, 1. Се откорне, се оддели, се истргне. Се оттурна една карпа од ридот. 2. Со притисок, со одбивање од нешто се помести или се оддалечи. Лаѓата се оттурна од брегот.
  • (се) оттурнува, глаг. несв. (се) оттурнуваат

Оригинални податоци:

оттурне, оттурнат; оттурни, оттурнете; оттурнав, оттурнаа; оттурнал; оттурнат; (ќе) оттурнев, (ќе) оттурнеа; (ќе) оттурнел св. 1. Со притисок, со туркање, направи нешто да се помести, да се оддалечи, да се одбие. Тој ја оттурна чашата. Го оттурна чамецот. 2. (прен.) Оддалечи, отстрани, потисне. Тој настан ги оттурнал на втор план сите други проблеми. ● се ~ 1. Се откорне, се оддели, се истргне. Се оттурна една карпа од ридот. 2. Со притисок, со одбивање од нешто се помести или се оддалечи. Лаѓата се оттурна од брегот. ‖ (се) оттурнува, (се) оттурнуваат несв. ‖ глаг. им. оттурнување ср.