отвор
Значење на отвор:
1. Дупка на нешто, празен простор на преграда оставен за поминување, за вградување на нешто и сл. Отворот што го направивме во ѕидот беше доволен да поминеме од другата страна. Отворот на бунарот беше оставен непокриен. На ѕидот имаше оставено отвори како пушкарници.
2. (анат.) Природно отворено место на човечки или животински организам. Носен отвор. Анален отвор.
3. (дијал.) Клуч, направа за отворање врата. Отворот од земникот ѝ беше врзан на појасот.
Множина: отвори.
Изведени зборови:
- отворче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
отвор, мн. отвори м. 1. Дупка на нешто, празен простор на преграда оставен за поминување, за вградување на нешто и сл. Отворот што го направивме во ѕидот беше доволен да поминеме од другата страна. Отворот на бунарот беше оставен непокриен. На ѕидот имаше оставено отвори како пушкарници. 2. (анат.) Природно отворено место на човечки или животински организам. Носен отвор. Анален отвор. 3. (дијал.) Клуч, направа за отворање врата. Отворот од земникот ѝ беше врзан на појасот. ǁ отворче, мн. отворчиња ср. дем.