отворен

Придавка

Значење на отворен:

1. Глаголска придавка од отвори.

2. Што не е ограден, низ кој може слободне да се помине; затворен. Отворена врата. Отворен прозорец. Отворена чанта. Отворена книга.

3. Непокриен, откриен. Отворен автомобил. Куќата е отворена, уште нема покрив. Дуќани на отворено.

4. Што работи, што функционира. Во чаршијата имаше веќе отворени дуќани.

5. Достапен, слободен. Отворена граница.

6. За боја, изглед – што е светол, јасен. Јас сакам отворени бои.

7. Несрамежлив, снаодлив, вешт во комуникацијата. Тој е многу отворен човек.

8. а) Искрен. Таа со мене е секогаш отворена. б) Неприкриен, јавен. Отворена борба. Отворен напад.

9. Неприкриен, нескриен. Отворен непријател.

10. Како им. ср. Отворено место, надвор од домот. Спиевме на отворено, во дворот.

Членувана форма: отворениот.

Изведени зборови:

  • отворено, прил. На отворен начин, слободно, искрено. Зборуваа отворено.
  • отвореност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Куќа отворена – 1. што радо прима посети, гости; 2. покана за посета. Отворено писмо – писмо што преку медиумите се упатува како протест до јавна личност, најчесто од политиката. Отворен град – 1. град што им е достапен на сите; 2. (воен.) град што нема да се брани. Отворено прашање – прашање што чека решавање, што не е дефинитивно решено. Игра со отворени карти – ја покажува намерата, јавно ја зборува вистината за своите постапки. Со отворено срце/душа – искрено. Отворено море – море по кое можат да пловат бродови од сите држави. Слуша со отворена уста – слуша внимателно. Остана со отворена уста – остана изненаден, зачуден, неподготвен на дадената ситуација. Умре со отворени очи – умре со неисполнета желба за нешто. Оди/е со отворени очи – свесно, со јасно изразена мисла. Под отворено небо – надвор, без покрив на главата. Отворена рана – 1. рана што крвави, што не е залечена; 2. (прен.) болка за некого, заради некого.

Оригинални податоци:

отворен, отворениот прид. 1. Глаг. прид. од отвори. 2. Што не е ограден, низ кој може слободне да се помине; спрот. затворен. Отворена врата. Отворен прозорец. Отворена чанта. Отворена книга. 3. Непокриен, откриен. Отворен автомобил. Куќата е отворена, уште нема покрив. Дуќани на отворено. 4. Што работи, што функционира. Во чаршијата имаше веќе отворени дуќани. 5. Достапен, слободен. Отворена граница. 6. За боја, изглед – што е светол, јасен. Јас сакам отворени бои. 7. Несрамежлив, снаодлив, вешт во комуникацијата. Тој е многу отворен човек. 8. а) Искрен. Таа со мене е секогаш отворена. б) Неприкриен, јавен. Отворена борба. Отворен напад. 9. Неприкриен, нескриен. Отворен непријател. 10. Како им. ср. Отворено место, надвор од домот. Спиевме на отворено, во дворот. ◊ Куќа отворена – 1. што радо прима посети, гости; 2. покана за посета. Отворено писмо – писмо што преку медиумите се упатува како протест до јавна личност, најчесто од политиката. Отворен град – 1. град што им е достапен на сите; 2. (воен.) град што нема да се брани. Отворено прашање – прашање што чека решавање, што не е дефинитивно решено. Игра со отворени карти – ја покажува намерата, јавно ја зборува вистината за своите постапки. Со отворено срце/душа – искрено. Отворено море – море по кое можат да пловат бродови од сите држави. Слуша со отворена уста – слуша внимателно. Остана со отворена уста – остана изненаден, зачуден, неподготвен на дадената ситуација. Умре со отворени очи – умре со неисполнета желба за нешто. Оди/е со отворени очи – свесно, со јасно изразена мисла. Под отворено небо – надвор, без покрив на главата. Отворена рана – 1. рана што крвави, што не е залечена; 2. (прен.) болка за некого, заради некого. ǁ отворено прил. На отворен начин, слободно, искрено. Зборуваа отворено. ǁ отвореност ж.