отвори

Глагол, свршен

Значење на отвори:

1. а) Отстрани преграда, препрека од нешто што е затворено, направи нешто што било затворено повеќе да не е; затвори. Го отвори прозорецот. Му ја отвори вратата. б) За дел од тело на човек или животно (уста, очи); затвори. Отвори ја устата и кажи а.

2. Отклучи нешто што било заклучено; затвори. Јас го имам загубено клучот, па кога дојдовме дома, брат ми ја отвори врата со неговиот клуч.

3. Направи отвор на нешто. На овој ѕид ќе отвориме прозорец.

4. Направи да биде достапна внатрешноста на нешто. Децата ги отворија набрзина новогодишните пакетчиња. Ја отвори кутијата со накит. Ги отвори сите фиоки и не ја најде папката со документи.

5. Расклопи нешто склопено; затвори. Го отвори чадорот кога почна да врне. Ја отвори футролата. Го отвори весникот и почна да чита.

6. Почне со работа; затвори. а) Секојдневна, редовна. Тој секој ден навреме го отвораше и го затвораше дуќанот. Сопственикот на кафеаната секое попладне ја отвораше во 16 часот. б) Основа фирма, дуќан и сл. Лекарот отвори приватна ординација во својот стан. Многу професори по англиски јазик отворија приватни училишта. Стопанска банка отвори нова експозитура. в) Започне со работа јавен собир, манифестација, случување од јавен интерес. Преседателот на Изршниот одбор ја отвори манифестацијата. Македонскиот народен театар со таа претстава ги отвори театарските игри. Истражниот судија го отвори главниот претрес.

7. Пушти во дејство некаков механизам; затвори. Домаќинката ја отвори чешмата, но не потече вода. Винарот го отвори чепот од бочвата за да ги наполни шишињата со вино.

8. (прен.) Направи достапен, слободен премин, пат, граница и сл.; затвори. Нашата земја ги отвори границите за бегалците.

9. (прен.) а) Прави да изгледа подобро од порано, изгледа поздраво, поубаво. Од ден на ден детето отвора. б) Прави да има подобар изглед. Оваа боја ме отвора.

Коњугација: отворат.

Изведени зборови:

  • отвора, глаг. несв. отвораат
  • отворање, глаг. им. ср.
  • се ~ отвори, 1. Стане отворен, кон зн. 1, 5; спрот. се затвори. Од силниот ветер прозорците се отворија. Чантата ми се отворила и ми испаднало шамивчето. 2. Престане да биде срамежлив, стане поснаодлив, повешт. Кога тргна на училиште, тој се отвори. 3. Се шири, добие нова димензија. Кога се искачивме на ридот, пред нас се отвори едно широко поле.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му (се) отвори апетит – 1. добие поголема желба за јадење. 2. (прен.) добие желба за нешто. Отвори збор – 1. почне разговор за нешто, го насочи разговорот на определена тема; 2. го шири разговорот, продолжува да разговара. Му ги отвори очите – му ги разјасни работите, направи да биде свесен за нешто. Отвори очи – 1. се разбуди. 2. стане внимателен. Отвори четири очи – стане внимателен. Отвори пат – најде причина за посета и сл. Отвори (една) уста – прозборе, почне да се расправа за нешто. Уште очи не (сум) отворил – уште не сум се разбудил целосно. Отвори душа/срце – стане искрен, се довери некому. Отвори оган – започне да пука, започне бој, борба. Му отвори рана – спомене, каже некому нешто непријатно, болно; навреди некого. Отвори стари рани – повторно актуализира заборавени болки или проблеми.

Оригинални податоци:

отвори, отворат св. 1. а) Отстрани преграда, препрека од нешто што е затворено, направи нешто што било затворено повеќе да не е; спрот. затвори. Го отвори прозорецот. Му ја отвори вратата. б) За дел од тело на човек или животно (уста, очи); спрот. затвори. Отвори ја устата и кажи а. 2. Отклучи нешто што било заклучено; спрот. затвори. Јас го имам загубено клучот, па кога дојдовме дома, брат ми ја отвори врата со неговиот клуч. 3. Направи отвор на нешто. На овој ѕид ќе отвориме прозорец. 4. Направи да биде достапна внатрешноста на нешто. Децата ги отворија набрзина новогодишните пакетчиња. Ја отвори кутијата со накит. Ги отвори сите фиоки и не ја најде папката со документи. 5. Расклопи нешто склопено; спрот. затвори. Го отвори чадорот кога почна да врне. Ја отвори футролата. Го отвори весникот и почна да чита. 6. Почне со работа; спрот. затвори. а) Секојдневна, редовна. Тој секој ден навреме го отвораше и го затвораше дуќанот. Сопственикот на кафеаната секое попладне ја отвораше во 16 часот. б) Основа фирма, дуќан и сл. Лекарот отвори приватна ординација во својот стан. Многу професори по англиски јазик отворија приватни училишта. Стопанска банка отвори нова експозитура. в) Започне со работа јавен собир, манифестација, случување од јавен интерес. Преседателот на Изршниот одбор ја отвори манифестацијата. Македонскиот народен театар со таа претстава ги отвори театарските игри. Истражниот судија го отвори главниот претрес. 7. Пушти во дејство некаков механизам; спрот. затвори. Домаќинката ја отвори чешмата, но не потече вода. Винарот го отвори чепот од бочвата за да ги наполни шишињата со вино. 8. (прен.) Направи достапен, слободен премин, пат, граница и сл.; спрот. затвори. Нашата земја ги отвори границите за бегалците. 9. (прен.) а) Прави да изгледа подобро од порано, изгледа поздраво, поубаво. Од ден на ден детето отвора. б) Прави да има подобар изглед. Оваа боја ме отвора. ● се ~ 1. Стане отворен, кон зн. 1, 5; спрот. се затвори. Од силниот ветер прозорците се отворија. Чантата ми се отворила и ми испаднало шамивчето. 2. Престане да биде срамежлив, стане поснаодлив, повешт. Кога тргна на училиште, тој се отвори. 3. Се шири, добие нова димензија. Кога се искачивме на ридот, пред нас се отвори едно широко поле. ◊ Му (се) отвори апетит – 1. добие поголема желба за јадење. 2. (прен.) добие желба за нешто. Отвори збор – 1. почне разговор за нешто, го насочи разговорот на определена тема; 2. го шири разговорот, продолжува да разговара. Му ги отвори очите – му ги разјасни работите, направи да биде свесен за нешто. Отвори очи – 1. се разбуди. 2. стане внимателен. Отвори четири очи – стане внимателен. Отвори пат – најде причина за посета и сл. Отвори (една) уста – прозборе, почне да се расправа за нешто. Уште очи не (сум) отворил – уште не сум се разбудил целосно. Отвори душа/срце – стане искрен, се довери некому. Отвори оган – започне да пука, започне бој, борба. Му отвори рана – спомене, каже некому нешто непријатно, болно; навреди некого. Отвори стари рани – повторно актуализира заборавени болки или проблеми. ǁ отвора, отвораат несв. ǁ глаг. им. отворање ср.