овца

Именка, женски род

Значење на овца:

1. Домашно животно, преживар, што дава волна, млеко и месо; Ovis aries. Блее како овца. Стадо овци. Ги истера овците на пасење.

2. (прен., ирон.) Лице што е многу мирно, кротко, наивно.

Множина: овци.

Изведени зборови:

  • овчичка, и. ж. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Заблудена овца – тој што тргнал по лош пат; сп. заблуден. Црна овца (во бело стадо) – 1. тој што се изделува од групата, што се разликува по лошо од другите. 2. тој што има лош карактер, лошо однесување. Од една овца две кожи сака – наеднаш сака да направи две работи. Му ги оставил овците на волкот да ги варди – даде нешто на чување кај некого што не е способен за тоа. Волкот и од броените овци јаде – тој што краде, краде сѐ. Која овца се дели од стадото, волкот ја јаде – тој што се дели од другите, ќе настрада. Кој се прави овца, волкот го јаде – тој што е многу добар, лошо ќе помине, ќе настрада. И волкот сит и овците на број – сп. волк. Не ми (ти, му...) се сите овци на број – сп. број. Ако си овца, секој ќе те стриже – ако си глупав, секој ќе те искористува.

Оригинални податоци:

овца, мн. овци ж. 1. Домашно животно, преживар, што дава волна, млеко и месо; Ovis aries. Блее како овца. Стадо овци. Ги истера овците на пасење. 2. (прен., ирон.) Лице што е многу мирно, кротко, наивно. ◊ Заблудена овца – тој што тргнал по лош пат; сп. заблуден. Црна овца (во бело стадо) – 1. тој што се изделува од групата, што се разликува по лошо од другите. 2. тој што има лош карактер, лошо однесување. Од една овца две кожи сака – наеднаш сака да направи две работи. Му ги оставил овците на волкот да ги варди – даде нешто на чување кај некого што не е способен за тоа. Волкот и од броените овци јаде – тој што краде, краде сѐ. Која овца се дели од стадото, волкот ја јаде – тој што се дели од другите, ќе настрада. Кој се прави овца, волкот го јаде – тој што е многу добар, лошо ќе помине, ќе настрада. И волкот сит и овците на број – сп. волк. Не ми (ти, му...) се сите овци на број – сп. број. Ако си овца, секој ќе те стриже – ако си глупав, секој ќе те искористува. ǁ овчичка, мн. овчички ж. дем.