овенча

Глагол, свршен

Значење на овенча:

1. Накити со венец, стави венец некому. Победникот го овенчаа со лаворов венец.

2. (прен.) Прослави некого. Филмот ја овенча со слава.

3. (прен.) Круниса. Најстариот син го овенчаа на престолот.

Коњугација: овенчаат.

Изведени зборови:

  • овенчување, глаг. им. ср.
  • се ~ овенча, 1. Се накити со венец, си стави венец. Девојчето се овенча со венец од цвеќиња. 2. (прен.) Се прослави. Се овенча со слава на стари години. 3. (прен.) Се доведе до крај, успешно заврши нешто. Нашите напори се овенчаа со успех.
  • (се) овенчува, глаг. несв. (се) овенчуваат

Оригинални податоци:

овенча, овенчаат св. 1. Накити со венец, стави венец некому. Победникот го овенчаа со лаворов венец. 2. (прен.) Прослави некого. Филмот ја овенча со слава. 3. (прен.) Круниса. Најстариот син го овенчаа на престолот. ● се ~ 1. Се накити со венец, си стави венец. Девојчето се овенча со венец од цвеќиња. 2. (прен.) Се прослави. Се овенча со слава на стари години. 3. (прен.) Се доведе до крај, успешно заврши нешто. Нашите напори се овенчаа со успех. ǁ (се) овенчува, (се) овенчуваат несв. ǁ глаг. им. овенчување ср.