овласти
Значење на овласти:
Даде некому полномоштво, даде некому дозвола, можност да застапува некого; ополномошти. Ме овластија да раководам со фирмата до изборот на нов директор. Него го овластија за претседавач на оваа седница.Коњугација: овластат.
Изведени зборови:
- овластува, глаг. несв. овластуваат
- овластување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
овласти, овластат св. Даде некому полномоштво, даде некому дозвола, можност да застапува некого; ополномошти. Ме овластија да раководам со фирмата до изборот на нов директор. Него го овластија за претседавач на оваа седница. ǁ овластува, овластуваат несв. ǁ глаг. им. овластување ср.