оживее

Глагол, свршен

Значење на оживее:

1. Се врати од смрт во живот. Цвеќето беше речиси исушено, но го навадив и оживеа.

2. (прен.) Се јави, се изрази, се покаже. Оживеа интересот за селскиот туризам.

3. (прен.) Се развесели; живне. Влегоа гостите и домаќините оживеаја.

4. Направи некој да се врати во живот. Го оживеа со чаеви и со лековити тревки.

5. (прен.) Направи некој или нешто да се развесели. Летниот распуст ја оживеа нашата улица.

6. (прен.) Направи да се вратат сеќавања, спомени и сл. Гледајќи ги старите фотографии, го оживеа минатото.

Конјугација: (ќе) оживеев , (ќе) оживееја , (ќе) оживеел, оживеав , оживеаја , оживеал , оживеан , оживеат , оживеј , оживејте .

Изведени зборови:

  • оживува, глаг. несв. оживуваат
  • оживување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

оживее, оживеат; оживеј, оживејте; оживеав, оживеаја; оживеал; оживеан; (ќе) оживеев, (ќе) оживееја; (ќе) оживеел св. 1. Се врати од смрт во живот. Цвеќето беше речиси исушено, но го навадив и оживеа. 2. (прен.) Се јави, се изрази, се покаже. Оживеа интересот за селскиот туризам. 3. (прен.) Се развесели; живне. Влегоа гостите и домаќините оживеаја. 4. Направи некој да се врати во живот. Го оживеа со чаеви и со лековити тревки. 5. (прен.) Направи некој или нешто да се развесели. Летниот распуст ја оживеа нашата улица. 6. (прен.) Направи да се вратат сеќавања, спомени и сл. Гледајќи ги старите фотографии, го оживеа минатото. ǁ оживува, оживуваат несв. ǁ глаг. им. оживување ср.