ожолти

Глагол, свршен

Значење на ожолти:

1. Добие жолта боја. Тревата ожолте од силното сонце. Есента е на прагот, лисјата веќе ожолтеа.

2. (прен.) Пребледе. Кога го слушна неговото име, претрпна и ожолте.

3. Обои со жолта боја. Спалната соба ја ожолтија.

Конјугација: (го) ожолтив , (го) ожолтија , (го) ожолтил , ожолтат , ожолтеа , ожолтев , ожолтел , ожолтен, ожолтете , ожолти .

Изведени зборови:

  • ожолтување, глаг. им. ср.
  • се ~ ожолти, Се извалка со жолта боја. Се ожолте во рацете.
  • (се) ожолтува, глаг. несв. (се) ожолтуваат

Оригинални податоци:

ожолти, ожолтат; ожолти, ожолтете; ожолтев, ожолтеа; ожолтел; (го) ожолтив, (го) ожолтија; (го) ожолтил; ожолтен св. 1. Добие жолта боја. Тревата ожолте од силното сонце. Есента е на прагот, лисјата веќе ожолтеа. 2. (прен.) Пребледе. Кога го слушна неговото име, претрпна и ожолте. 3. Обои со жолта боја. Спалната соба ја ожолтија. ● се ~ Се извалка со жолта боја. Се ожолте во рацете. ǁ (се) ожолтува, (се) ожолтуваат несв. ǁ глаг. им. ожолтување ср.